Испечати

Меснати пликчиња

Меснати пликчиња

Состојки

  • 400гр. брашно
  • 1/2 лајче сув зачин
  • 5 лажици масло
  • 1 главица блендиран кромид
  • 1/2 шоља млака вода (малку помалку од оваа мерка)
  • 200гр. мелено месо
  • 1 јајце

Подготовка

Замесете брашно од сите состојки со исклучок на месото и јајцето. За водата нема точна мерка можно е малку помала количина од пола шоља да треба, зависно од големината на кромидот. Нека си отстои 30 мин.
Месото се пропржува на масло и со вообичаените зачини. За секое пликче одделете топка тесто, намастете ја работната површина и развлечете го тестото колку дозволува максимално, прскајте со разматено масло,поросете од месото. Секое пликче се преклопува на четирите страни така да добиете правоаголник. На тавче за палачинки со малку масло, пржете ја секоја страна по 2 мин, пликчињата се готови.