Колач со јогурт и кокос
Состојки
- 4 јајца
- 2 чаши од 250 мл. шеќер
- 1 чаша јогурт
- 3/4 чаша масло
- 100 гр. кокос
- 2 чаши од 250 мл. брашно
- 1 лажица рум
- 10 гр. пециво
- шеќер во прав за посипување
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех 40х20 см. ставете хартија за печење или намрсете го и побрашнете го плехот.
Јајцата ставете ги во поголем сад за матење.
Додадете го шеќерот и матете со мискер на најголема брзина. Матете додека шеќерот се растопи и смесата почнува да побелува.
Додадете го маслото и јогуртот, изматете уште малку.
Додадете го кокосот, брашното, румот и пецивото.
Убаво соединете со лопатка.
Смесата сипете ја во плехот.
Ставете да се пече.
Печете додека се испече, почнува да добива златно кафена боја. Околу 40 мин.
Оставете малку да се излади и посипете шеќер во прав, исечете парчиња по желба.
Оставете да се подолади и послужете со чај, кафе или млеко. =))