Испечати

Крап во рерна

Крап во рерна

Состојки

  • 1 крап ( околу 2 кг )
  • 1 лимон
  • 1 ½ китка магдонос
  • 1 главица лук + 3 чешнина
  • 1 ½ лажици јадра сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • 5 моркови
  • 300 мл бело вино
  • 100 мл вода + 100 мл вода по потреба

Подготовка

1. Крапот се мие и од вечер, го посолуваме со јадра сол и од внатре и од надвор.
2. Другиот ден го миеме крапот. Во каравнче во кое ќе го правиме крапот редиме неколку дрвца за ражничи. Врз нив го ставаме крапот за да не се залепи за караванчето.
3. Лимонот го цедиме. Со сокот од лимон го полеваме крапот однадвор и одвнатре.
4. Китка магдонос ја сецкаме. Лукот го гмечиме со машинче за лук. Во еден сад ги мешаме магдоносот, лукот и 1 лажица јадра сол. Со оваа смеса го полниме крапот.
5. На горната страна на крапот правиме 3 засекувања. И во секое ставаме по едно чешне лук.
6. Крапот го прелеваме со маслото.
7. Моровите и ½ китка магдонос ги сецкаме. Ги ставаме околу крапот. Го тураме белото вино и водата. Караванчето го покриваме со фолија.
8. Печиме во загреана рерна на 180 степени 1 час. Одвреме навреме крапот го потураме со течноста. По потреба додаваме уште 100 мл вода. По 1 час ја вадиме фолијата и печиме уште 30 минути.