Испечати

Кремаст колач со капини

Кремаст колач со капини

Состојки

  • За паднишпан-
  • 4+1 јајца
  • 160 гр + 1 лажица шеќер
  • 170 гр стопен маргарин
  • 200 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • За крем и полнеж-
  • 350+350 мл млеко
  • 1 прашок за пудинг од шумско овошје (или замена малина)
  • 1 прашок за пудинг од чоколадо
  • 3+3 лажици шеќер
  • 350 гр капини
  • 1 пак. ванилин шеќер

Подготовка

Убаво се матат 4те јајца со 160 гр шеќер. Потоа се додаваат растопениот маргарин, прашокот за печиво и брашното. Истурете половина од смесата во намастен огноотпорен сад.
Секој прашок за пудинг одделно сварете го со 3 лажици шеќер и 350 мл млеко.
Во тавата, врз првата половина од тестото ги распоредуваме капините и ги попрскуваме со ванилиниот шеќер. Врз нив се става пудингот од шумско овошје, а над него пудингот од чоколадо.
1то јајце со 1та лажица шеќер убаво се матат и се додаваат на втората половина од смесата и со неа преливаме врз филот од пудинзите.
Се печи на 180 степени околу 40 мин.
Изладениот кекс се сечи на коцки и се декорира со шеќер во прав одозгора и по некоја капина. По желба можи да декорирате и со шлаг пена.