Испечати

Супа од црвена леќа со сушена лимета и зачини

Супа од црвена леќа со сушена лимета и зачини

Состојки

  • 1 1/2 шоља црвена леќа
  • 6 шољи вода
  • 1 кромид, многу ситно сецкан
  • 4 лажици (60 гр) путер
  • 4 - 5 чешниња лук
  • 2 лажички зачинска мешавина Бахарат
  • 2 шољи излупени, сецкани зрели домати
  • 2 сушени лимети
  • по вкус сол
  • 1 шоља тенка тестенина, како фиде...
  • За зачинска мешавина
  • 1/2 лажичка бибер во зрна
  • 1/4 лажичка семки коријандер
  • сосем мало (1/2 цм) парче кора цимет
  • 1 каранфилче
  • 1/3 лажичка семки кумин
  • 1 мешунка зелен кардамом, само семки
  • прстофат мелено морско оревче
  • 1/2 лажичка црвен пипер

Подготовка

Од последната прошетка, книгата со рецепти и новите вкусови кои со себе го донесов......

Прво подгответе ја зачинската мешавина. Сите зачини столчете ги во аван додека не се претворат во фин прав.
Леќата измијте ја во сито под млаз вода, ставете ја во поголемо тенџере, додајте ја водата и ставете да зоврие. Распенете, па оставете да се вари на средно силен оган.
Во мало тавче растопете го путерот, додајте го сецканиот кромид и пржете додека не стани проѕирен. Додајте ги зачините, протиснатиот лук, промешајте, па додајте ги сецканите излупени домати. Нека се пропржи кратко, па додајте го во тенџерето каде се вари леќата. Сувите лимети дупнете ги на две - три места со врвот на ножот, додајте ги во леќата и оставете да се вари околу 40 - 45 мин.
Додајте ги искршените тестенини, посолете по вкус, ако ви изгледа прегусто додајте уште малку вода, па варете на тивко уште околу 20 - 30 минути додека леќата и тестенините сосема не омекнат. Истиснете ги лиметите да ја испуштат содржината и извадете ги од супата.
Додајте по желба и малку ситно сецкан магдонос.
Послужете жешко, со леб и салата.
Можеби изгледа крајно необично, или мојата пасија за Арапската кујна не престанува никогаш, ама навистина е многу вкусно... Сувите лимети се подготвуваат со долготрајна постапка на варење во солило и сушење, јас си ги купив готови... Зачинската мешавина си ја направив сама, во количина доволна за едно јадење, со стоење по малку се губи мирисот како и да ја чуваш... Таа е количината наведена во рецептот..
Можеби ќе ви се бендиса, можеби само ќе ве заинтригира....