Испечати

Слатки кнедли приготвени на пареа

Слатки кнедли приготвени на пареа

Состојки

  • 500-600гр брашно
  • 1 квасец
  • 2 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 1/2лажичка сол
  • 100гр маргарин
  • 150мл млеко
  • прелив
  • 150гр маргарин
  • 2 лажици какао
  • 150гр шеќер во прав
  • За полнење
  • 12 парчиња сезонско овошје

Подготовка

Квасецот се става во млекото да стасаува. Се замесува мазно тесто со брашното, маргаринот, јајцата шеќерот и солта и се меси убаво да се спои. Се остава да стаса .
Одкако ќе стаса тестото се дели на топчиња околу 12 и секое топче се расплескува на рака, па во него се става кајсија или слива, јагода, зависно од периодот на овошката. Убаво се обликува се затвара и се остава на салфетка околу 20 минути да стасаат кнедлите.
Во сад на пареа се варат кнедлите.
Ако имате дома специјален сад за варење на пареа варете во него, а ако немате тогаш во тенџере се става вода да зоврие. Над водата се затегнува салфетка и кога ќе почне да врие водата над салфетката се редат по 4 од кнедлите. Тенџерето се покрива со подлабок сад за да можат кнедлите да се сварат - го зголемуваат својот волумен, па да им се даде простор. Кнедлите обично се варат 10 минути. Не треба подолго затоа што така стануваат влажни и лепливи.
Одкако ќе се сварат се ставаат на салфетка во тепсија и се преливаат.

Маргаринот се става да се растопи со какаото и се полева секоја кнедла со една лажица од преливот а одозгора се поросува со шеќер во прав.
Овој рецепт првпат го пробав кај моите пријатели од Полска и многу ми се допадна. Затоа рецептов го посветувам на баба Ванда која редовно ги подготвува полските и чешките традиционални јадења, а јас како добар гурман секогаш сум добро понудена и послужена во нејзината кујна.