Ванила Шарлота
Состојки
- За кора (потребни се 2)
- 2 јајца
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 1 лажица ванила
- 1 лажичка пециво
- 5 лажици печени мелени лешници
- Фил
- 600мл. млеко
- 2 пудинга од ванила
- 4-5 лажици шеќер
- 2 лажици ванила
- 500гр. крем сирење
- 300гр. вишни (исчистени)
- Останати состојки
- 2 шлаг пени
- 200мл. млеко
- 2 кутии пишкоти
- 3-4 лажици сируп од вишна
- 3-4 лажици стопено чоколадо
Подготовка
Роденден не е роденден ако нема торта, овој пат како подарок за многу драга личност =) .. Бидејќи беше јубилеен 30-ти мораше и тортата да биде супер.
1. Прво сварете го пудингот според упатството и оставете го да се лади (количината на шеќер зависи колку сакате да биде благо, јас го подготвив со 4 лажици)
2. Во однос на корите, може да направите едно поголемо тесто, па потоа да пресечете на половина или да ги правите една по една (за да не ми залета ножот на криво правев една по една кора). Прво раздвојте ги белките од жолчките, па потоа со по 2 лажици шеќер изматете убаво во цврст снег, односно во густа жолта смеса додека не се растопи шеќерот. Во садот со изматените белки претурете ги жолчките и со шпатула полека промешајте од доле кон горе. Додадете ги брашното помешано со пецивото, лешниците и ванилата, промешајте да се соедини убаво па претурете во калап бр.24 обложен со хартија да се пече. Се пече на 180С со повремено проверување. Кога корите се готови, оставете целосно да се изладат.
3. За филот, во сад за матење ставете го крем сирењето и изматете малку со миксерот, потоа постепено додавајте го изладениот пудинг додека не се добие убава кремаста смеса. На крај додадете ја ванилата и кора од лимон (по желба), изматете на кратко и оставете 10тина мин. во фрижидер да се стегне.
4. Земете ја едната кора нанесете од филот и убаво премачкајте. Потоа наредете ги вишните убаво така што ќе дојде како слој (на сликите подолу) па нанесете повторно од кремот и премачкајте. Ставете ја другата кора од горе, благо притиснете да се спои, па премачкајте ја целата торта со преостанатиот крем.
5. Декоративниот дел =)
Во ладно млеко една по една потопувајте ги пишкотите (само долниот дел) и редете ги во круг околу тортата со шеќерниот дел кон надвор. Притиснете малку за да се залепат, а може да ставите и трака за да ги држи стегнати. Оставете ја тортата така во фрижидер убаво да се стегне.
Шлагот подгответе го со 200мл. млеко и шеќер по вкус, нанесете на горниот дел од тортата, а со помош на шприц ако има потреба и меѓе пишкотите. Прошарајте со сирупот и чоколадото или декорација по желба и оставете малку да стои пред служење.
Добар апетит =)