Мармалад од сливи и јаболка
Состојки
- 5 кг сливи
- 1 кг јаболка
- 1,5 кг шеќер
- 1 филџан јаболкова киселина
Подготовка
1. Сливите се мијат, им се вадат коските и се сецкаат на ситно.
2. Сливите ги ставаме во тенџере на оган на 2ка. Тураме половина од шеќерот. Го правиме
1 ½ час со повремено мешање.
3. Јаболката ги мијаме и ги рендаме. Ги ставаме во тенџерето со сливите. Ги тураме и јаболковата киселина и остатокот од шеќерот. Вака го правиме уште 1 ½ час. 15 минути пред вадење мармаладот го миксираме со миксер.
4. Топлиот мармалад го ставаме во топли тегли. Тегите ги затвораме и ги ставме во рерна на 100 степени 15 минути. Рерната ја исклучуваме, а теглите ги оставаме да стојат додека да се изладат.