Испечати

Видео рецепт: Шпикован џигер со праз и лук

Видео рецепт: Шпикован џигер со праз и лук

Денес ќе готвиме заедно со Љубица, готвач член на нашата веб-страница. Љубица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Шпикован џигер со праз и лук.

Свеж џигер, шпикован со сечкан лук и праз, во маринада од сенф, црвено вино и балсамиран оцет. Овој начин на подготовка на џигерот го доведува на ниво на врвен специјалитет!

Состојки

  • 750 грама свеж свински или телешки џигер
  • 3 главици лук
  • 1 страк праз
  • 150 мл. црвено вино
  • 3 лажички сенф
  • 5 ловорови листови
  • 1 супена лажица балсамиран оцет
  • сол и црн бибер
  • 3 супени лажици масло

Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 3
Време на подготовка: 1-2 часа

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер.

Подготовка

Чекор 1: Кога ќе купувате свеж џигер, побарајте едно долгнавесто парче. Имајте на ум дека телешкиот џигер е посочен од свинскиот. Во џигерот со остар нож исечете длабоки попречни џебови, но внимавајте да не ја пресечете долната страна. Растојанието меѓу џебовите треба да биде 2 сантиметри.

Измијте го убаво и оставете го да се исцеди, и впијте го вишокот на вода со хартиена салфета.

Чекор 2: Ситно исечкајте ги празот и лукот. Џебовите убаво премачкајте ги со сенф, а потоа и целиот џигер. Зачинете со сол и црн бибер по вкус. Потоа џебовите наполнете ги со лукот и празот.

Чекор 3: Ставете го џигерот во Делимано Ростерот, прелијте го со балсамиран оцет и масло. Маслото може да го ставите и во претходната постапка, измешано со празот и лукот. Потоа налејте го одоколу црвеното вино и додадете ги ловоровите листови. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија.

Чекор 4: Ставете ја тавата во незагреана рерна, а потоа вклучете ја на 200 степени и печете околу 40 минути. Потоа, извадете ја фолијата, прелијте го џигерот со течноста од тавата и печете го така откриен уште 40 минути на 180 степени.

Чекор 5: Исечете го црниот дроб напречно од џебовите, за парчињата да личат како лепеза и да се гледа полнењето. Сервирајте и прелијте го со преостанатата течност од тавата.

СОВЕТ: Подготовката на џигер не е едноставна, бидејќи многу лесно може да го исушите и да биде тврд. Овде сенфот, оцетот и виното го маринираат џигерот и му даваат мекост, а филот го надополнува неговиот вкус. Пробајте, ви ветуваме дека овој начин на подготовка ќе стане дел од вашето семејно мени!