Ролат од мелено месо со омлет
Состојки
- За ролатот
- 500 гр мелено месо
- 2 средни главички кромид
- 2 јајца
- 4 лажици лебни трошки
- по вкус сол, бибер и мешан зачин
- За полнење
- 2 јајца
- 2 варени моркови
Подготовка
Кромидот ситно се сечка и убаво се меша со сите други состојки. На фолија намачкана со масло се прави кора од оваа смеса.
Јајцата се матат со малку сол и се пржи омлет во што поголема тава. Може да се испржат и 2 омлети во помала тава. Омлетот се става врз месото, на крајот се редат морковите и се витка ролат.
Ролатот се замотува во фолијата и така се пече на 200 степени околу 40 минути. Потоа фолијата се вади и се пече уште 5-10 минути за да фати боја од сите страни.
Пријатен апетит!