Испечати

Индиски лепчиња со јогурт (Батура)

Индиски лепчиња со јогурт (Батура)

Состојки

  • 2 шољи (200мл) брашно
  • 1 лајче сол
  • 2 лајчиња сода
  • 2 лајчиња масло
  • 1/2 шоља густ јогурт
  • 1/4 шоља вода, масло за пржење

Подготовка

Многу видови на леб има низ цела Индија, овие се најчесто припремани во северниот дел.
За разлика од други видови пржени се во масло, пуфкасти со шуплива внатрешност.

Во сад се меша брашното со сода, сол, масло, постепено се додава јогуртот, се ситни низ прсти смесата, се става и водата и се меси тесто кое се остава да кисни околу 120мин.
Од тестото се одвојуваат топки (колку за тениска топка големина), се сука над брашнеста подлога со дијаметар од некои 20-тина см. Се ставаат во врело масло да пропржат од двете страни притоа ќе нараснат доста нагоре (може да се притиснат малку со широка лажица одгоре).
Се вадат над хартија нека се впие маснотијата.
Во земјата од каде потекнуваат се служат со веге јадење од слануток, во наши услови ние ги густиравме со сирење, вам како ви е желба.