Испечати

Летна прженица со млад праз

Летна прженица со млад праз

Состојки

  • 1 сноп перца од млад праз
  • 2 пиперки
  • 1 поголем морков
  • 4-5 домати
  • 5 чешниња лук
  • 10 ливчиња свеж босилек
  • 7 гранчиња магдонос
  • по потреба масло, сол

Подготовка

Во тава на оган ставете го исецканиот праз и пржете го додека водата што го пушта празот скоро е испарена.
Потоа додајте масло, пиперката и ренданиот морков.
Пржете додека зеленчукот омекне, а потоа ставете ги излупените и исецкани домати.
Посолете и додајте го сецканото лукче, искинатите ливчиња босилек и сецканиот магдонос.
Оставете на тивок оган да се пржи.

Оваа прженица често е присутна на нашата трпеза, но ја правам и како зимница, на тој начин што пржам поголема количина од овие состојки и собирам во помали пластични садови.
Ги оставам во замрзнувач и на тој начин ја имам и во текот на зимата.
Одлично оди со топло лебче и сиренце.