Посни мекици со ракија
Состојки
- 500гр. брашно
- 1/2 коцка квасец
- 1/2 лажичка пециво
- 1/2 филџан масло
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка ракија
- по потреба топла вода
Подготовка
Од сите состојки замесете многу меко тесто.
Оставете го да стаса, а потоа со лажица пребркајте го и оставете да стаса уште еднаш.
Од стасаното тесто формирајте топчиња и редете ги во сад премачкан со масло.
Од секое топче со раце формирајте мекица и пржете во поголема количина загреано масло.