Испечати

Лепчиња со лук и кашкавал

Лепчиња со лук и кашкавал

Состојки

  • 600гр. брашно
  • 1 филџанче масло
  • 1 лажица оцет
  • 2 јајца
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 лајче сол
  • 250-300мл. млеко
  • премаз
  • 1/2 маргарин коцка
  • 5-6 парченца лук толчен
  • 120-140гр. рендан кашкавал
  • 1цело јајце

Подготовка

Домашни мини лепчиња за љубителите на лук, нешто слични по вкус и мирис на- гарлик бред - обогатен со кашкавал.

Се зафаќа квасецот коцка од истото млеко (од онаа наведена количина), но настрана со малку брашно млеко и на врв на лајче шеќер. Кога надојди, се додава во останатите состојки кои сме ги ставиле во посебен подлабок сад се меси тесто, кое треба да се измеси добро (со јачина за средно тесто) па се остава да одмори...40 тина минути. Се сука долгнавеста правоаголна кора,која(треба да е малку подолга од тавчето во кое ќе се печат) се премачкува со премазот,за кој откако ќе го истолчиме лукот со малку сол се бие маргаринот па се спојуваат и се премачкува цела кора. Врз кората над нив се ренда кашкавал па се рола во ролат. Се сечат парчиња онака од око, мене ми излегоа 11 на број, се редат во вертикален правец со роланиот дел нагоре во подмачкано правоаголно тавче бр.36.
Се мачкаат јајце и се ронат семенки. Вака припремени се оставаат да се киснат (надојдат) уште 40 мин Се печи на 200 загреана рерна.