Ледено кафе со сладолед
Состојки
- 2 лажички инстант кафе
- 60 мл ладна вода
- 60 мл ладно млеко
- 2 лажици сладолед
- 4 коцки кршен мраз
Подготовка
1. Кафето го тураме во водата. Мешаме додека кафето не се растопи.
2. Во сад за матење ги ставаме сите состојки и матиме со миксер.
3. Смесата ја ставаме во чаша и декорираме со рендано чоколадо.