Испечати

Сушени домати со сирење и маслиново масло

Сушени домати со сирење и маслиново масло

Состојки

  • За доматите
  • 1,5 кг ситни домати
  • сол по потреба
  • 5-6 чешниња лук
  • малку маслиново масло
  • и уште...
  • 200 - 250 гр сирење
  • по потреба маслиново масло
  • по желба оригано, босилек, рузмарин, лук...

Подготовка

За сушење најдобро е да одберете мали плодови од домати. Можеби чери доматчиња. Моите беа пелати, пресечени на половина. Ако користите големи домати исечете ги на парчиња со дебелина од 1 см.
Доматите се редат на голема тава обложена со хартија за печење. Секое парче се посолува и се попрскува со малку маслиново масло. Лукчето се сечка на тенки ливчиња и се става врз доматите. Вака спремените домати се ставаат во рерна на 100 степени со вентилатор и се сушат 6-7 часа. Времето на сушење зависи од големината на доматите. Готови се кога целите ќе се смежуркаат и ќе станат како плочки. Јас повремено ја зголемував температурата на 130 степени, па мислам дека затоа ми потемнеа...
Кога се готови доматите исклучете ја рерната и оставете ги внатре да се оладат.
Сирењето исечете го на коцки од околу 1-1,5 см. Јас користев козјо сирење. Ако ставате други зачини или лукче измеѓу доматите и сирењето во теглата, сега е време да ги спремите.
Во стерилна тегла наредете 1/3 од доматите. Врз нив ставете половина од сирењето и наросете со зачините одозгора. Тука ставете ги и лукчињата ако ги користите. Јас не ставив бидејќи веќе ставив лук врз доматите. Потоа пак 1/3 од доматите, па повторете ја постапката со сирењето и најгоре остатокот од домати. Кога ќе редите, благо притискајте ги со вилушка сите намирници.
На крај се залијте со маслиново масло да го прекрие последниот ред домати. Теглата чувајте ја во фрижидер. Мислам дека е најдобро да отстои барем една недела пред конзумирање за да се спојат сите вкусови.

Пријатен апетит!

Теглата што ја гледате на сликата е од околу 600 мл. Се наполни целосно.