Испечати

Солена брза торта

Солена брза торта

Состојки

  • Тесто
  • 500 гр. брашно
  • 1 квасец
  • 1 голема лажица рамна сол
  • 1 мало лажиче шеќер
  • 1 мало (150мл) шолче масло за јадење
  • 1 рака сечкани моркови
  • 1 рака сечкан магдонос ( можете да ставите наместо магдонос и спанаќ)
  • 1 рака суво сирење
  • 1 рака сечкана салама
  • 300-400мл вода (можеби и малку повеќе)

Подготовка

Брашното, солта, шеќерот и маслото се ставаат во подлабок сад и се замесува со вода. Се додаваат и останатите состојки и убаво се соединуваат. Тестото треба да биде помеко како за мекици. Се истура во намрсено и посипано со брашно тавче. Одозгора се посипува со сусам и се остава да стаса во тавчето. Се пече на 200 степени додека зарумени.