Испечати

Овошна торта со лешници и бадеми

Овошна торта со лешници и бадеми

Состојки

  • 1 пандишпан
  • 6 јајца
  • 18 лажици шеќер
  • 100 гр лешници ситно сецкани
  • 100 гр бадеми мелени
  • 1 пециво
  • 2 пандишпан
  • 5 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици вода
  • 15 лажици брашно
  • 15 лажици ореви мелени
  • 15 лажици масло
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • Крем-фил
  • 1кр млеко
  • 10 лажици густин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 маргарин (250 гр )
  • 2 ванили
  • Додатоци
  • 1 поголема праска
  • 1 банана
  • За декорирање и прекривка на тортата
  • 600 гр локум бел (пресен )
  • 600 гр шеќер во прав

Подготовка

Овој пат ќе бидам малку подолга во рецептов затоа што имам две добри причини.
Првата е дека тортата е посветена на мојата ќерка Елена, за нејзиниот 12 ти роденден и втората е дека тората е превкусна.
Еве го начинот на подготовка на ова а торта која ќерка ми ја направи најсреќна.

Во сад се делат белките од жолчките и на жолчките им се додава шеќерот.
Матиме додека не се растопи шеќерот .
Во другиот сад ги матиме белките, а потоа смесите ги соединуваме матејќи без престан.
Додаваме бадеми, лешници и пециво.
Подготвеното тесто го префрламе во намастен и набрашнет плех и печеме малку подолго на помала температура.
На пример од околу 150 степени. ( Ако ви е јако намалете )
Го продупчуваме тестото неколку пати со чепкалка за полесно да се испече.
Откако ќе ја смени бојата и ќе порумени, внимателно го отстрануваме од тавчето и го оставаме да излади.

Одиме со подготовка на вториот пандишпан.
Ги матиме јајцата заедно со шеќерот, додека не се соединат.
Штом стануваат кремасти се додава водата, оревите, маслото и откако ќе го исклучиме миксерот го додаваме брашното помешано со пецивото и ванилата.
Промешуваме со лажицата добро и го префрламе на намастен и набрашнет плех и ставаме да се пече.
Истата постапка ја повторуваме при печењето.
За проверка на тестото, користиме чепкалка.
Кога веќе не лепи на чепкалката, пандишпанот е готов.
Вадиме од рерна и оставаме да излади и ова парче пандишпан.

Додека ги почекуваме да изладат пандишпаните го подготвуваме филот кој е лесен за приготвување, и вкусен за јадење.
Во тенџере на оган го топлиме млекото,и додаваме шеќер.
Одземаме околу 200 грама и во него го разматуваме густинот.
Откако млекото врие го иставаме од оганот и полека постепено му го додаваме густинот.
Мешаме со жица за матење се додека не ја добие потребната густина.
Оставаме да излади.
На страна го матиме пенесто маргаринот и му ги додаваме ванилите.
Откако кремот со густин е изладен го помешуваме со маргаринот и мешаме убаво со миксерот.
Можете да си додадете суво грозје или разнобојни желе бонбончиња, но јас не го сторив тоа.
Го оставив да биде поедноставен филот.
Веќе завршивме со поголемиот дел од подготовката на роденденската торта.
Првиот пандишпан го оставив да оди цел во редењето, а вториот пажливо со конец го преполовив на два еднакви делови.
Јас ја редев тората на претходно обложен картон.
Го ставив едниот дел од пресекот, а потоа филував со кремот.
Врз кремот додадов банана сецкана на тркалца.
Потоа повторно ставив пандишпан но овој пат оној со лешниците.
Врз него го дотурив кремот и убаво рамномерно го разредив по површината.
Ситно сецкана праска на коцки ја додадов врз кремот.
На крајот дојде редот и за последното парче пандишпан.
Него убаво го премачкав со шлаг кремот кој го подготвив според процедурата пишана на паковката.
Ја оставив тортата малку да постои во ладилник.
Стоеше околу 30 минути.

Локумот го земав дирекно од фабрика и беше пресен и убав за работа.
Доставив шеќер во прав и месев се додека не се соедини убаво смесата.
Откако се направи убаво бело тесто од локум, развлеков кора со дебелина од пола сантим.
Кората ја развлеков со сукалка на намастен целофан. Полека поткревајќи пажливо ја прекрив тортата со покривка од локум. Ги отстранив деловите кои беа вишок со ножето.
Од остатокот на тесто од локум додадов прехрамбена боја и направив кругови со кои ја декорирав тортата.
Вака подготвената торта ја оставив да преноќи на ладничко.
Пандишпанот убаво си впил од кремот и тортата си го добила нејзиниот вкус и изглед.
На здравје