Видео рецепт: Пастрмка на пареа со лимон и ѓумбир
Храната подготвена на пареа е добра од повеќе причини. Брзо се подготвува, храната е вкусна и зеленчукот ја задржува својата боја. Со варењето исчезнуваат хранливите состојки и вкусот од храната, додека пак готвењето на пареа ги зајакнува.
Состојки
- 2 филети од пастрмка
- Кора од лимон
- 1 прстофат ѓумбир
- 2 мали праза
- Една рака боранија
- 2 ливчиња блитва
- ½ голем кромид
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер, маслиново масло и вода
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: исечете го празот по должина, кромидот на прстени, а од боранијата исечете ги врвовите.
Излупете го свежиот ѓумбир и ситно исечкајте го. Кората од лимон исечете ја на тенки ленти. Ова го додаваме на крај со цел да и дадеме посилен вкус на рибата.
Чекор 2: Почнете да ги ставате состојките во садот за готвење на пареа – најдолу ставете ги ливчињата блитва, потоа филетите пастрмка, зачинете и додадете малку маслиново масло. Најгоре ставете го ѓумбирот и парчињата лимон.
Ставете го остатокот од зеленчукот околу рибата и подготвени сте да започнете со готвењето на пареа.
Чекор 3: Наместете го Делимано Гурмет 8 во 1 пекачот на опција Готвење на пареа (Steam), ставете вода на дното и потоа затворете го капакот.
За многу кратко време ќе забележите како почнува да се појавува пареа и да ги готви состојките внатре во пекачот. Нема да можете ни да поверувате за колку кратко време се ќе биде готово. Нам ни беа потребни десетина минути.
СОВЕТ: Готвењето на пареа секогаш го зајакнува природниот вкус на состојките, но сепак, зачините и миризливите состојки како лукот, ѓумбирот и лимонот навлегуваат во пареата, а со тоа на целиот оброк му даваат одличен вкус. Уживајте додека ја барате идеалната комбинација на зачини.