Испечати

Посна рулкана тарана

Посна рулкана тарана

Состојки

  • 2 и 1/2 кг брашно
  • 500 гр палента
  • по потреба вода и сол

Подготовка

Ова е еден стар рецепт кој што потекнува од родното место на мажот ми.
Едноставна посна тарана, која да бидам искрена мене многу тешко ми одеше да ја направам, но секако има помош од постарите па полека, полека ја направивме.
Во длабок сад го сееме брашното.
Ја додаваме палентата и ги мешаме двете смеси.
Додаваме сол онолку колку што сакаме, по вкус и полека додаваме вода по малку.
Прскаме од водата, па полека од смесата триеме низ рацете. Постапката ја повторуваме така се додека брашното не исчезне.
Еве овој процес мене ми беше многу тежок.
Јас кога ќе ставев вода... одма ми се замесуваше тесто хахаха....
Пополека и по малку се ставало од водата, за да се земе брашното како што вика свекрва ми.
Значи тајната на оваа рулкана тарана е во малку водаи многу триење низ рацете.
Откако брашното ќе го снема, ќе се направат мали топчиња од брашно, земаме вангличка со дупчиња и префрламе од смесата, па повторно триеме во тавче да се доиситни тараната.
Така подготвеното, го попраскуваме на чаршав да се суши.
Можеби претерав со опширниот опис, но сакав да ви доловам се од овој едноставен, но за мене тежок рецепт... хахахах..
Еве уште еден бабински рецепт...
На здравје.