Црно - бела топена торта
Состојки
- тесто
- 4 јајца
- 9 лажици шеќер
- 9 лажици масло
- 9 лажици брашно
- 9 лажици млеко
- 2 лажици какао
- 4 лажици гриз
- 1 пециво
- За прелив
- ½ литар млеко
- 12 лажици шеќер
- 1 ванила
Подготовка
1. Јајцата се бијат со шеќерот. Се додаваат и останатите состојки и мешаме со лажица. Смесата ја ставаме во караванче бр. 28 и печиме 20 минути на 180 степени.
2. Млекото го ставаме во сад на оган да се стопли. Ги додаваме шеќерот и ванилата и мешаме додека не се стопат.
3. Жешката торта ја преливаме со жешкото млеко.
4. Ја оставаме да се излади и ја декорираме со шлаг.