Испечати

Чоколадни крем коцки

Чоколадни крем коцки

Состојки

  • Тесто
  • 3 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 150гр. наполитанки (со лешник крем)
  • Крем
  • 700мл. млеко
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 3 лажици шеќер
  • 125гр. маргарин
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 1 лажица рум
  • 250мл. слатка павлака
  • Глазура
  • 100гр. чоколадо за готвење
  • 250мл. слатка павлака
  • 1 лажица рум

Подготовка

Ова е еден од оние брзи десерти кои може да ги подготвите во било кое време и да експериментирате со најразлични вкусови. Ако не сте расположени за печење може да употребите и бисквити.

1. Во поголем сад на оган ставете го скоро целото млеко, шеќерот и румот да се загреат. Во преостанатото млеко ставете го прашокот за пудинг и промешајте за да нема грутки. Кога млекото ќе зоврие ставете го пудингот и мешајте на тивко додека не се згусти. Тргнете на страна и оставете да се лади.
2. Разделете ги жолчките од белките и ставете ги во сад за матење со 2 лажици шеќер. Матете убаво додека шеќерот не се растопи. Во друг сад со 2 лажици шеќер изматете ги белките во цврст снег. Претурете ги жолчките во садот со белките и со шпатула полека мешајте од доле кон горе. Потоа додадете го брашното со пецивото и повторно промешајте. Наполитанките изрендајте ги на покрупната страна од рендете и додадете ги во садот. Измешајте уште еднаш па претурете во плех обложен со хартија за печење (бр. 34). Ставете да се пече во загреана рерна на 180С. Потоа извадете и оставете убаво да се олади.
3. Во сад за матење ставете го маргаринот (треба да е на собна температура) со 1 лажица шеќер во прав и матете додека се добие убава пенеста смеса. Додадете го изладениот пудинг и продолжете со матење за да се соедини. Во друг сад изматете ја и слатката павлака. Потоа постепено со матење додавајте од павлаката во садот со кремот. Кога кремот е готов оставете го малку во фрижидер додека тестото се лади.
4. Кремот нанесете го преку тестото и убаво израмнете од горе. Во сад на оган ставете ја слатката павлака да се загрее и додадете го чоколадото и румот. Мешајте додека чоколадото целосно не се растопи. Оставете само малку да се олади (да не биде скроз жешко) па потоа прелијте го колачот со глазурата. Ставете во фрижидер убаво да се излади па потоа послужете.

Добар апетит =)