Видео рецепт: Салата Панзанела
Ова е италијанска салата која малку ja изменивме, но концептот е ист – Панзанела е одлична салата во која можете да го искористите стариот леб и да го натопите со свеж и сочен зеленчук и вкусен прелив.
Состојки
- ½ багет леб
- 3-4 домати
- 1 краставица
- 1 кромид
- 1 жолта пиперка
- 1 зелена пиперка
За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
- 2 главици лук
- 1 супена лажица сенф
- 3-4 супени лажици маслиново масло
- вински оцет, сол и бибер по вкус
Подготовка
Чекор 1: Овој рецепт се подготвува без готвење, само исечкајте ги состојките – однапред размислете за тоа како сакате да изгледа салатата. Често се случува да јадеме со очите, а салатите се одлична можност да бидете креативни!
Чекор 2: Исечкајте го стариот леб на тенки парчиња и почнете со подготовка на салатата. Врз парчињата наредете ги сечканите домати, краставицата, кромидот и пиперките. Ние користиме четириаголна чинија.
Чекор 3: За подготовка на преливот прво ситно исечкајте го лукот. Целта ни е преливот малку да крцка. Потоа ДОБРО измешајте ги сенфот, оцетот, 3-4 лажици маслиново масло, солта, биберот и лукот и прелијте ја салатата.
СОВЕТ: Подгответе одличен оброк од стариот леб и зеленчукот кој што го имате во фрижидерот за неколку минути – оригиналната салата содржи и ливчиња свеж босилек, а како прелив можете да користите и песто сос. Слободно додадете и малку пармезан, бидете креативни!