Намаз од модар патлиџан и кикирики
Состојки
- 2,5 кг модар патлиџан
- 250 мл масло
- 200гр мелени пржени кикирики
- 1кесичка сенф
- 4-5 чешниња лук
- 10 црвени пиперки(1кг)
Подготовка
Модрите патлиџани се мијат и се печат во рерна заедно со пиперките. Во поголем плех се редат и се печат во загреана рерна околу 30 минути. Од како ќе се испечат се лупат и се мелат на машина за мелење месо.
Во поголем лонец се налева зејтинот и се додаваат доматите и пиперките. Кон нив се додаваат и мелените кикирики. Најдобро е да се сомелат во машинче за мелење ореви или блендер за да бидат ситно мелени.Смесата се пржи околу 1 час на умерена температура и пред крај се додава лукчето изгмечено и сенфот. Се посолува по вкус и се собира во врели теглички или се остава да се излади и се собира во кутии па во фрижидер.
Намазот има многу интересен вкус. Јас благодарение на Делимано го подготвив овој рецепт во Гурметот и сум презадоволна. Намазот одлично оди во секоја комбинација самостојно со сиренце за појадок, како прилог со печење, како дополнителен сос за тестенини....