Чоко тортички
Состојки
- 4 јајца
- 12 лажици шеќер
- 8 лажици врела вода
- 13 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 1 пециво
- фил
- 750мл млеко
- 7 лажици шеќер
- 7 лажици брашно
- 2 лажици какао
- 100гр црна чоколада за готвење
- 200гр маргарин
- 200гр шеќер во прав
- 1 кесичка шлаг крем од ванила
- 1 кесичка шлаг пена
Подготовка
Кора
Јајцата се матат со шеќерот додека смесата се запени. На пенастата маса се додава врелата вода лажица по лажица и се мати непрекинато. На крај се додава брашното, какаото и пецивото. Се меша целата смеса и се сипе во плех поголем(бр 40) и се пече.
Од како ќе се испече со чаша се ваѓаат тортички кои се сечат на половина се составаат со филот, а одозгора се декорираат со ќесичките шлаг.
Фил
Млекото се става да зоврие со шеќерот. Брашното убаво се разматува во млеко и се сипе низ цедалка во врелото млеко. Исто низ цедалка се сипе и какаото и се вари густ крем. Кон врелиот крем се додава и чоколадата, убаво се мати и се остава да се излади. Кон изладениот крем се додава пенасто изматениот маргарин со шеќерот во прав, се соединува целата смеса и се филуваат тортичките. Одозгора прво се декорираат со шлаг крем од ванила, а потоа со шлаг пена.