Торта со едно јајце
Состојки
- 1 јајце
- 1 чаша вода ладна
- 1 чаша шеќер
- 2 чаши брашно
- 1/2 чаша зејтин
- 3 лажици мармалад од било што
- 1 пециво
- 1 ванила
Подготовка
Еве еден лесен рецепт, брз и евтин.
Во длабок сад го матиме јајцето, заедно со шеќерот и чашата вода.
Матиме постојано со лажица се додека не се стопи шеќерот.
Го додаваме зејтинот и брашното, во кое претходно помешавме пециво и ванила.
Ги додаваме трите лажици мармалад.
Промешуваме добро и изедначената смеса ја префрламе во тава која претходно ја намрсивме и набрашнивме.
Печете додека не зарумени. Повремено проверете со чепкалка, во внатрешноста на тортата при печењето.
Изладената торта ја сечеме на коцки.
По вкус и по желба, наросуваме шеќер во прав.