Ролни од тиквички во бешамел
Состојки
- За ролните
- 1 поголема тиквичка
- 150гр. урда
- 1 чешне лук
- За сос
- 1 чешне лук
- 1 лажица путер (околу 20-30гр.)
- 1 полна лажица брашно
- 250мл. млеко
- по вкус сол и бибер
- За од горе
- 100гр. рендан кашкавал
Подготовка
Уште еден брз рецепт за подготовка на тиквички, инспрација од ролничките на Лили.
1. Тиквичката измијте ја и исечете ја на тенки ленти (2-3мм. дебелина), посолете ги и оставете да испуштат малку течност. Потоа може да ги ставите во рерна со малку зејтин и да ги печете или на грил тава малку да се испржат.
2. Во урдата згмечете го лукчето и убаво промешајте да се соедини смесата. Ако има потреба досолете по вкус. Потоа врс секоја лента ставете по 1 лажичка, свиткајте во ролна и наредете во сад за печење.
3. За бешамелот, во тава на оган ставете 1 лажица зејтин да се загрее па ставете го ситно изренданото лукче малку да се пропржи. Потоа додадете го и путерот, па брашното и промешајте. Постепено додавајте од млекото и мешајте додека не ја добиете посакуваната густина.
Зачинете по вкус со сол и бибер и прелијте преку тиквичките. Ставете да се пече во загреана рерна околу 20 минути. Потоа извадете, изрендајте го кашкавалот и вратете уште 10-15 мин. во рерна. Оставете малку да се излади па послужете.
Добар апетит =)