Испечати

Сусамли пита

Сусамли пита

Состојки

  • 100гр. сусам
  • 4 цели јајца
  • 1 чаша(250) кисело млеко
  • 40гр. пармезан
  • 50гр. дробено бело сирење
  • 40гр. рендан кашкавал
  • 1 филџанче масло
  • 250гр. брашно
  • 1кесичка печиво
  • 1 лајче сув зачин, малку шеќер
  • 1 -2 лажици маргарин
  • премаз..
  • 1 цело јајце
  • 5-6 лајци масло
  • 1 кисела павлака

Подготовка

Богат вкус на сусам кој преовладува брза за правење, погодна за сечење по избор било за оброк или за солен аранжман.

Се бијат јајцата со малку шеќер, се додава киселото млеко, маслото, брашно, печивото, сув зачин и пармезанот. Стандарден плех се премачкува со маргарин ,се посипува цело дно со сусам, се излева смесата над него се распоредува сирењето одозгора и кашкавалот, се става да се печи на 200.
Кога малку зарумени се премачкува со премазот за кој јајцето се мати со павлаката и масло и се премачкува одгоре се рони сусам најгоре, па се допекува.