Брза кекс салама
Состојки
- 200гр кршени бисквити
- 200гр маргарин
- 100мл млеко
- 200гр шеќер
- 2 жолчки
- 4 штангли чоколада за готвење
- 100гр мелени ореви
Подготовка
На тивко се матат шеќерот, млекото и жолчките. Се додава маргаринот, чоколадата и се меша додека проврие.
Смесата се трга од шпорет и се додаваат оревите и бисквитите. Се меша внимателно и се обликува салама на најлонска фолија. Саламата се остава во фрижидер околу 2 часа, а потоа се сече на парчиња.