Стаклести тестенини во сос
Состојки
- 1 паковка од 100 гр стакло тестенини ( во вид на шпагети ) ги има во поголемите маркети
- 1 литар вода без сол
- 1 патлиџан
- 1 чили пиперче
- 1/2 лажиче босилек ситно сецкан
- 1 кромитче
- 1 лажица путер
- 100 гр чадена сланина
Подготовка
Во 1 литар вода без сол се варат тестенините околу 2 минути.
Значи водата врие па се пуштаат стаклените тестенини и тогаш вријат околу 2 минути.
Се промешуваат, па се цедат од водата.
Се плакнат со ладна вода.
На страна го подготвуваме сосот.
Во загреано лажиче путер го запржуваме изблендираниот кромид.
На загреаната смеса ја пржиме пушената сланина која претходно сме ја исецкале на коцкички.
Потоа откако ќе зарумени додаваме чили пиперче ситно сецкано.
Пропржуваме па го додаваме ренданиот патлиџан.
Посолуваме.
Мешаме и оставаме да прокрчка.
По 10 минутки крчкање на тивок оган, смесата е веќе згусната.
Ја тргаме од оган и оставаме малку да истине.
Потоа стаклените тестенини ги полеваме со сосот и зачинуваме со ситно сецкан босилек.
Вкусот е одличен. На здравје