Испечати

Мучкалица

Мучкалица

Состојки

  • 600гр. свинско месо
  • 1/2кг. пиперки
  • 4 домати
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • по вкус зачини сол,бибер,ловоров лист

Подготовка

Многу често подготвувано летно јадење. Можеби не е традиционално, но е застапено на менито во сите ресторани, па зашто да не си го подготвите и дома.

1. Месото исечкајте го на коцки, зачинете го и оставете го да стои (ако сте во можност и преку ноќ).
2. Во тава на оган ставете го кромидот да се пржи, потоа додадете го и лукчето и пржете кратко. Додадете ги пиперките исечкани на коцки и пржете се заедно додека пиперките не омекнат. Доматите излупете ги и исечкајте ги исто на коцки, па потоа додадете ги во тавата.
3. Месото запржете го во друга тава, колку само да фати боја, па потоа додадете го во тавата со доматите и пиперките. Зачинете по вкус и оставете да крчка 10тина минути.
4. Следниот чекор е по избор, може да оставите да крчка додека не испари скоро целата течност или да завршите во рерна. Јас спремив во рерна. Па така целата содржина префрлете ја во тава и ставете во загреана рерна да се пече. Оставете малку да се излади па послужете.

Добар апетит =)