Киноа салата со нане
Состојки
- 100 гр киноа
- 2 црвени домати
- 1 краставица
- 6,7 црни маслинки
- 50 гр козјо сирење
- 30 мл маслиново масло ладно цедено
- по желба сол
- 2 лажици сецкан свеж магдонос
- 2 лажици сецкано свежо нане
Подготовка
Киноата измијте ја и ставете ја да се вари со 200 мл вода околу 20 минути или додека не ја впие водата. Варената киноа оставете ја малку да се олади. Доматите и краставицата ситно исечкајте ги и во нив додадете ја киноата. Додадете сол, исецкани маслинки и сирење и исечкани ливчиња магдонос и нане. На крај полијте со маслиново масло и послужете. Оваа салата е богат извор не само на витамини туку и протеини, бидејќи познато е дека киноата е житарка со богат извор на протеини (дури 3 пати повеќе од месото). Па уживајте во оваа хранлива и освежителна салата, што ќе ве држи подолго време сити...