Испечати

Скута

Скута

Состојки

  • 2литри полномасно млеко
  • 400гр. кисела павлака25% мм.
  • 4цели јајца
  • 2 лажици сол
  • 1 лажица пипер буковец

Подготовка

Во недостиг на рецепти од ваков тип го испробав овој, некое време го гледам на нет, па ете му дојде редот и излезе сосема добро.

Јајцата се бијат со миксер, се додава павлаката, да се изедначи таа смеса. Во сад на оган се става млекото кога стигне до точка на вриење, се додава претходно избиената смеса од јајца и павлака, се вари некои 6-7 минути, повремено мешајќи. Добиените грутчиња, се истресуваат врз крпа-поставена над цедалка, се става пипер (или било кој зачин) и тука употребив бомбон техника на едење, оти смесата е пеколно жешка,  а треба да се цедипа. Откако се исцеди убаво се остава половина саат така, после се вади од крпата. Така добиената смеса се остава во фрижидер на некој саат да се излади добро. Се добива некои 800гр. скута, која погодна е за сечење на танки парчиња арно ама фали малку сол...барем за мој вкус(или не сум ги полнела доволно лајците)...на крај служете ја.