Чоколадна торта со мелени бисквити, пудинг и слатка павлака
Состојки
- потребно за кора 1и2
- 10 белки
- 13 лажици шеќер
- 10 лажици мелени бисквити
- 4 лажици какао
- 1,5 лаж брашно
- потребно за крем
- 1 литар млеко
- 4 пудинга од чоколада
- 10+10лажици шеќер
- 400 гр чоколада
- 20 жолчки
- 1 маргарин
- 120 гр шеќер во прав
- 500 мл слатка павлака
Подготовка
Ги матиме белките со постепено додавање на шеќер во цврст снег и ги додаваме бисквитите, какаото и брашното матиме со лажица. Печеме во голем плек од електричен шпорет. Се пече на 200 степени околу 15 до 20 минути.
Жолчките ги матиме со 10 лажици шеќер и вариме на пареа на пониска температура околу 15 минути да се згусти кремот и го додаваме чоколадото мешаме да се стопи. Тргаме на страна да се олади.
Во поголем дел од млекото додаваме шеќер и ставаме да зоврие во другиот дел го раствараме пудингот кој го сипуваме во врелото млеко, варме густ крем оставаме да се олади. Маргаринот го матиме со прав шеќерот, го додаваме изладениот пудинг постепено и матиме, потоа исто така постепено го додаваме кремот од жолчките и матиме да се соедини кремот.
Двете кори се отсечуват од краевите да се добијат 3 кори о ли ако сакате повисока торта пресечете ги по средина да добиете 4 кори. Се филува кора, крем изматена слатка павлака, кора и така до крај декорација по желба.