Испечати

Ќофтиња од модар патлиџан и урда

Ќофтиња од модар патлиџан и урда

Состојки

  • 1 поголем модар патлиџан
  • 200гр урда
  • 2 јајца
  • 3 лаж гриз
  • по потреба сол и бибер
  • 0,25 лажиче пециво
  • по потреба брашно за валкање

Подготовка

 Модриот патлиџан се лупи и сецка на ситни коцки. Се пржат во малку масло додека да омекнат и се остава да се изладат. Јајцата, урдата, гризот и пециво ги мешаме заедно. Го додаваме и испржениот модар патлиџан сол, бибер и добро измешајте. Со лажица земете од смесата ставете во чинија во која има брашно и со раце извалкајте да формирате ќофтиња. Пржете во загреено масло на средна температура од двете страни.