Наша летна овошна салата со лимон
Состојки
- 2 цели банани
- 2 цели зрели праски
- 4 зрели црни сливи
- 1парче црно грозје
- 10тина гр. капинки
- 50гр. сечкани ореви
- 1/ 2 лажиче цимет
- 1лажица ливадски мед
- 2-3 лажици цеден лимонов сок
- 1кесичка ванила шеќер
Подготовка
Веројатно сите подготвуваат по дома овошна салата,ова е наједноставната која ја знам и скоро секогаш има од овие продукти во фрижидер по дома,барем овај период. Сите овошја добро изладени,се сечкаат,само грозјето се остава зрна,оревите сечкани,се става ванила,лимонов ско,цимет,се меша се и најгоре се додава мед(количините на продукти не се фиктивни ...зависно од потребите). Неодолива,прекрасно освежување...