Пита со мелено месо
Состојки
- Тесто
- 600 мл. топла вода
- 3 мали лажички сол
- 1 мала лажичка шеќер
- 1 кг. брашно
- масло по потреба за попрскување
- Фил
- 1 кг. мелено месо (какво било)
- 1 главица кромид+масло по потреба
- сол,бибер,мешан зачин.... по вкус
- сусам за посипување(по желба)
Подготовка
Во сад во кој ќе месите растворете го квасецот со шеќерот, солта, 1 мало лажиче брашно и 200 мл. топла вода. Оставете го да се запени, околу 10мин.
Додадете ги останатите 400 мл. топла вода, 4 лажици масло и брашното. Мешајте со дрвена лажица да се соедини. Ќе добиете меко лепливо тесто, ама ако такво треба да биде. Одозгора намрсете го и покријте го со проѕирна фолија и чиста крпа. Оставете го на топло место да скисне околу 45 мин.
За тоа време ситно исечкајте го кромидот и испржете го во тавче со загреано масло. Пржете додека се застакли. Додајте го меленото месо и зачинете. Пржете додека месото се зготви.
Оставете да се олади.
На плех со димензии 35х25 ставете хартија за печење, со намрсени раце развлечете пола од тестото. Тестото немојте да го премесувате,.
Распоредете го меленото месо и покријте со останатото тесто.
Одозгора напрскајте масло и сусам.
Оставете да скисне уште еднаш додека се загрее рерната.
Рерната загрејте ја на 220 степени.
Кога рерната е загреана ставете ја питата да се пече додека убаво зацрви, околу 50-60 мин.
Извадете ја и попрскајте ја со ладна вода и покријте со чиста крпа да се задуши.
Сечете парчиња и послужете.