Испечати

Американски палачики со кокос-без млеко

Американски палачики со кокос-без млеко

Состојки

  • 3 чаши од 250 мл. брашно
  • 750 мл. вода
  • 50 гр. кокос
  • 6 лажици шеќер
  • мед или мармалад за служење
  • 3 јајца
  • 5 лажици стопен путер
  • 10гр пециво
  • масло по потреба
  • 1/2 мало лажиче сол

Подготовка

Со сад измешајте ги брашното, солта, пецивото, кокосот со жица за матење.
Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот, со жица убаво шеќерот да се стопи. Додајте ги водата и стопениот путер.
Течните состојки ставете ги во сувите и измешајте да се спојат и да нема грутчиња.

Во меѓувреме заграете ја тавата за палачинки или кој има Делимано Фестиво тавата.
Кога тавата е загреана малку намрсете ја со салафетка и ставајте со помала чорбарка(околу 80-100 мл.) од смесата во тавата. Сипувајте од смесата на околу 5 см. одалеченост бидејќи нараснуваат. Кога од горната страна ќе се појават дупчиња, свртете ги од другата страна. Печете/пржете додека добијат убава боја.
На ист начин подгответе ја останата смеса.
Послужете ги со едно над друго или како сакате со мармалад, мед или чоколаден прелив.....

Од оваа смеса излегуваат 30 средни палачинки.
Одлични се ако немате млеко во моментот. Брзо се прават и одлични се за појадок.
=))