Виенски ролат
Состојки
- Фил
- 310 гр путер
- 320 гр шеќер во прав
- 2 ванила
- 100 гр чоколада за готвење
- Пандишпан
- 5 јајца
- 100 гр шеќер
- 100 гр мелени лешници
Подготовка
Еве еден сладок ролат, брз и едноставен.
Лешниците ги мелиме да бидат спремни за употреба.
Ги делиме белките од жолчките
во садот со жолчките ставаме шечер и матиме се додека не с е стопи шеќерот.
Во другиот сад ги матиме белките и кога ќе се готови двете смеси ги соединуваме.
Додаваме мелени лешници.
Смесата ја мешаме со лажица и ја префрламе на намрсена тава или на хартија за печење.
(Подобро е на хартија затоа што пандишпанот од овој ролат е мек и леплив.)
Ставаме да се пече на температура од 200 степени околу 10 минути.
Додека се пече пандишпанот, одиме со подготовка на филот.
Во сад го сецкаме путерот и прелеваме со прав шеќер.
Додаваме ванили и матиме со миксерот се додека не добиеме пенест крем.
На јадрата страна од рендето ја рендаме чоколадата и ја додаваме во филот.
Мешаме да се соединат смесите.
Готовиот пандишпан го оставаме малку да излади а потоа го филуваме со филот.
Виткаме ролат пополека и го премачкуваме со филот.Наросуваме од ренданата чоколада.
Оставаме да излади и стегне .
Сечеме на парчиња и служиме.
На здравје