Тарана со палента
Состојки
- 3 кг Брашно
- 1 паковка Палента
- 1 шише кисела вода (земете од литар ипол )
- 15 јајца
Подготовка
Времето е топло, сезоната за јуфки и тарана почна.
Прибираме се што треба и се зафаќаме со работа за годинешната тарана. Чаршавите и рендето се тука и почнуваме.
Се матат прво јајцата со вилушка.
Се додава солта и се продолжува со матењето.
Се додаваат брашното и палентата.
Пополека се додава киселата вода и се замесува тесто потврдо.
Се става во фрижидер за мрзнење да постојат за да се стврднат топчињата.
Потоа едно по едно се вадат од фрижидерот и со јадрата страна на рендето го рендаме тестото.
Рендаме на чист чаршав.
(Само да ве предупредам. Јас пред една година направив грешка. Рендав на чаршав кој што беше перен со омекнувач, па тараната ми мирисаше на парфеми ...хаха..Затоа рендајте на чаршав перен со чиста вода без омекнувач)
Оставаме да се суши убаво.
Сувата тарана ја собираме во платнена вреќичка и ја чуваме на суво место преку целата година.
Ова е рецепт за една доза тарана.
Јас ставив тип 500 брашно затоа што го сакаме црното брашнои тараната ми е поубава со темно брашно.
За палентата пишав дека не е битно која грамажа е паковката, не игра улога грамажата.
Јас ја правам неколку години и многу им се допадна на моето семејство.
Пробајте па кажете.
На здравје