Испечати

Тиквешки пишии со маџун

Тиквешки пишии со маџун

Состојки

  • 1кг бело брашно
  • 1 коцка квасец
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 мл масло
  • по потреба вода
  • масло за пржење
  • 100 мл гроздов мед - маџун

Подготовка

Оставете го квасецот со малку топла вода и 1 лажичка шеќер да надојде. Со готовиот квасец замесете тесто од брашното, солта, маслото и сипете одприлика 300 мл вода и ако има потреба додадете уште. Замесете меко тесто и оставете го да кисне околу 45 минути до 1 час.
Нараснатото тесто поделете го на 4 дела и форморајте топки. Секоја топка рассукајте ја и од неа формирајте сакана форма, (во случајот јас формирав триаголници). Оставете ги формите да нараснат малку, избоцкајте ги со вилушка и ставете ги да се пржат во претходно добро загреано масло.
Готовите пишии послужете ги со сирење или како во случајов по традиција во Кавадарци се служат и во блага варијанта со домашно подготвен гроздов мед или маџун.
Уживајте во овој традиционален Тиквешки рецепт...