Испечати

Микс сос за шпагети

Микс сос за шпагети

Состојки

  • 500гр. мелено јунешко месо
  • 1 главица сечкан кромид
  • 1 главичка сечкан лук
  • 1 коцка за супа (говедска)
  • 250мл. вода
  • 1 лажица брашно
  • 30тина гр. рендана чајна
  • 4 лажици доматна салца, оригано, црн пипер
  • 2 лажици соја сос
  • 3-4 парчиња топено сирење
  • 40-50 мл. масло

Подготовка

Најчесто комбинирам со вкусот на ваков тип сос, го препорачувам за љубители на вкусот на чајна која иако е во мала количина влијае на севкупниот впечаток.

Сечкани кромидот и лукот (може и блендирани нормално) се ставаат да пропржат на врело масло, се додава меленото јунешко и постојано се меша додека не подзабели. Се става брашното и тоа да се пропржи па се налева водата и веднаш се става коцката за супа. Така нека си крчка на тивко некои 15 мин. потоа се додава рендана (на ситно чајната) кога ни испарила веќе повеќе од половината течност, се додава оригано, црн пипер и доматната салца, повторно се крчка на тивко. На крај кога е доволно густа (јас ја правам погуста конзистенција) се става соја сос и се трга настрана.
Топеното сирење се става врз шпагетите во порцијата и над него врел сос, така се промешува.
Сега колку за декорација го поставив во топчиња.