Испечати

Вкусни пржени крофни

Вкусни пржени крофни

Состојки

  • тесто
  • 500 мл млеко
  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша масло
  • 1 зафатен квасец
  • 4 јајца
  • 1 кг и 200-300 гр брашно
  • 1 лажиче пециво
  • За пржење
  • 800 мл масло

Подготовка

1. Млекото, шеќерот и маслото се ставаат во сад на оган. Мешаме додека да се стопи шеќерот, го тргаме садот од оган и оставаме да се подизлади, да не биде врело.
2. 1 кг брашно, јајцата, квасецот, пецивото и млекото со маслото и шеќерот ги ставаме во еден сад. Месиме. По потреба додаваме брашно додека да добиеме средно тесто.
3. Тестото се остава да нарасне 15 минути. Го премесуваме и пак го ставаме да нарасне уште 15 минути.
4. Се зема дел од тестото. На набрашнета површина развлекуваме кора со дебелина од 2 цм. Со набрашнета чаша се вадат крофните.
5. Ги редиме во плех во кој има ставено крпа која е набрашнета.
6. Ги оставаме да киснат 15 минути.
7. Во длабоко тенџере го тураме маслото да се загрее и ги ставаме крофните да се пржат на не многу јак оган ( јас ги пржев на 2ка )
8. Се оставаат да се изладат и ги брбеламе во шеќер во прав.
чашата е 250 мл