Испечати

Пуфкасти кифлиња

Пуфкасти кифлиња

Состојки

  • 300 мл. кисело млеко
  • 300 мл. топла вода
  • 3 мали лажички сол
  • 3 мали лажички шеќер
  • 2 јајца
  • 5 лажици масло
  • 1 кг. + по потреба брашно
  • 150 гр. мек маргарин (за премачкување)
  • За премачкување
  • 1 јајце

Подготовка

Растворете го клвасецот во водата, солта и шеќерот, оставете да се запени. Додадете ги останатите состојки, освен маргаринот, замесете меко тесто што малку се лепи. Разделете го тестото на 21 еднкави топчиња.
Разделете ги на 3 места по 7.
Маргаринот исечете го на 18 парчиња додека е ладен.
Сукајте корички во големина на средна тацна.
Редете една над една коричка намачкани со коцка маргарин. Последната не ја мачкајте.
Редете ја секоја направена чинија во фрижидер, кога ќе ја завршите последната оставете ги сите уште 10 мин.
Земете ја првата чинија и превртете ја на работна површина посипана со брашно.Развлечете тенка кружна кора.
Исечете на 20-24 триаголници и завиткајте кифлиња. Редете ги на плех обложен со хартија за печење или намрсена со масло.
Така направете и со пресотанатото подготвено тесто.
Оставете ги да киснат покриени со чиста крпа на топло место 1час и 30 мин.
Откако поминало времето за стасување уклучете ја рерната да се загрее на 220 степени.
Разматете го јајцето со сол и масло,премачкајте ги кифличките и посипете сусам.печете ги додека добијат златна боја,околу 20-25 мин.
Извадете ги од рерната и покријте ги со најлонско кесе и чиста крпа да се задушат и да останат меки.
=)