Сочен кокос колач (без јајца)
Состојки
- 1 чаша млеко
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша масло
- 1 чаша кокос
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- Чашата е од 200 мл
- За фил
- 500 мл млеко
- 1 кесичка пудинг од тирамису
- 3 лажици шеќер
- 50 гр чоколадо за готвење
- За чоколадна глазура
- 150 гр темно чоколадо најмалку 50% какао
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажица масло
Подготовка
Ставете го шеќерот заедно со млекото и јогуртот и оставете го да одстои 10тина минути за да се растопи. Потоа додадете ги и останатите состојки. Загрејте ја претходно рерната на 180 степени. Смесата ставете ја во мал калап (јас го користев силиконскиот четвртаст делимано). Печете околу 30 минути на истата температура.
За тоа време по стандардна постапка подгответе го пудингот од тирамису. Печениот пандишпан оставете го малку да се олади и превртете го. Врз него нарендајте го чоколадото, а врз чоколадото ставете го малку изладениот пудинг. Оставете да се стегне околу 30 минути. Чоколадната глазура подгответе ја на пареа. Ставете го кокосовото и сончогледовото масло заедно со темното чоколадо. Кога ќе се растопи нанесете го врз пудингот и оставете го колачот исто 30 минути за да се стегне чоколадото. Додека чоколадото не е целосно стврднато исечете го колачот на коцки. Послужете го така или ставете ги коцките да се стегнат повеќе. Добар апетит!