Кокосовки
Состојки
- за кокос фил..
- 400гр. кокосово млеко(дома приготвено-види долу)
- 600гр. кравјо млеко
- 180гр. шеќер
- 7-8 лажици гриз
- 200гр. кокос
- 50гр. бело чоколадо
- 1 кесичка ванила шеќер
- за тесто..
- 3 јајца
- 150гр. шеќер
- 300гр. млеко
- 150гр. масло
- 250гр. брашно
- 1 лајче чоколадо во прав, цимет пола лајче
- 1 кесичка печиво
- глазура
- 100гр. чоколадо
- 1 лајца маргарин
- 6-7 лајци млеко
- 2 лајци шеќер
- 1 лајца какао
Подготовка
За кокос млекото најпрво во домашна верзија
500гр.вода + 100гр кокос водата и кокосот се варат 7-8 минути, се лади смесата, се префрлува во блендер, осема фина конзистенција да има, се блендира, после се префрла во шерпа, па низ газа се цеди убаво. Добиваме 400-450 гр.миризливо кокосово млеко, кое го користиме понатаму.
За подготовката на филот.
Добиеното кокосово млеко се става во подлабок сад, се дотура уште 600гр. млеко, се ставаат шеќерот и гризот, да се свари крем. Кога се тргне настрана се додава кокосот и чоколадото, нека се топи мешајќи.
За тестото
Се бијат белките со шеќер, кога ќе се добие густа бела смеса, се додаваат жолчките и сите продукти еден по еден. Добиваме темна смеса, која половина се истура во подмачкана 40 бр.правоаголна тава, ставаме да се печи на 180. Малку нека потпечи (јас некои 13 мин.го оставам) се вади од рерна и над него се става филот цел, па се тура најгоре втората половина од предвидената смеса за тесто. Се враќа во рерна да се допечи околу 20-тина мин.-зависно од рерната секако.
Се приготвува глазурата така што се топат шеќерот и млекото се додава какаото, да се промеша добро, без грутчиња, се додава на коцки чоколадото, но да не проврие туку се топи на тивко. На крај се додава маргаринот. Топла глазура се полева над кексот. Ладен се сечи по избор.