Слатко од модри сливи со лимони
Состојки
- 1 кг сливи
- 800 гр шеќер
- 2 лимона
- 1 лимонтус
Подготовка
Сливите добро се мијат.
Им се отстранува семката, се лупат и се ставаат во варова вода.
Така стојат околу 30 минути за да се зацврстат малку.
Потоа се плакнат сливите во 9 води, да се исчистат добро.
Во последната вода им се става лимонтуси за да не потемнат.
На страна во шерпа се става шеќерот и се полева со вода, колку да го покрие шеќерот.
Додаваме лимони исецкани на тркалца.
Се остава шербетот да зоврие, па се пуштаат сливите во шербетот.
Така вари се додека не се сварат добро сливите.
Ја менуваат бојата и стануваат како кристални.
Шербетот се задебелува и тогаш слаткото е готово.
Значи, изборот е ваш колку сливи ќе ставите.На крајот некој става цвеќе слаткарче, за убав мирис. Значи тоа го оставам на вас....
Постапката е таа.
На 1 кг. сливи се става 800 гр. шеќер.
Да дадам мало објаснување, на оние кои прв пат ќе го приготвуваат слаткото. Јас, откако ги извадив семките и ги излупив сливите, ги мерев колку испагаат чистени. По таа грамажа, ставив шеќер. Значи ако се 5 кг. лупени сливи, додаваме 4 кг шеќер.
На здравје.