Испечати

Сарми од тиквички

Сарми од тиквички

Состојки

  • 3 тиквички средна големина
  • 400гр. мелено месо
  • 3-4 парченца лук
  • 1 главица кромид
  • 1 чаша кравјо кисело млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажички сув зачин,црн пипер,оригано на врв на лајче
  • 1 лајче ситна сол
  • 50-тина мл. масло

Подготовка

Ете бидна и сарми од тиквичките. Јас си сакам да речам летна верзија сармички.

Тиквичките можи да се излупат но и не мора, како ви е по желба. Се сечат надолжно на траки со дебелина од некои 3-4мм. се редат една до друга во плех над хартија за печење (пек папир или како и да ја имате крстено) се премачкуваат со масло и се роси од сувиот зачин, се ставаат во рерна на 200 да се потпечат, но само да омекнат не сосема испечени. Потребна ни е состојба кога ќе можат да се ролаат, а тоа се некои 15 мин од прилика.

Во тава на оган се пропржува кромид сечкан врз врело масло, се додава лукчето и меленото месо. При пржењето постојано се меша така да убаво се иситни месото, се зачинува по вкус. На секоја трака од тиквичка нанесуваме од ,,филот,, со мелено по една супена лајца-како јас милувам да си ја кажам (говорно наречје). Замотуваме т.е.виткаме или роламе надолжно притоа внимавајќи крајниот дел од тиквичката да ни остане на долниот дел. Со тој дел ќе се стават сите сармички една до друга во огноотпорно тавче (премачкано со минимален слој масло).
Целосно ролани сармичките се остават во рерна на 200 некои 15 мин. Во меѓувреме го подготвуваме преливот од кисело млеко и матени јајца, смесата се мати со мешалка, се вадат на кратко од рерна сармите, се полеваат со преливот и се враќаат да се подзапечат.