Испечати

Капучино непечена торта

Капучино непечена торта

Состојки

  • 600-700гр. бисквити
  • 500гр. слатка павлака
  • 4 жолчки
  • 2 лајци капучино прав-лешник
  • 2 кесички ванила шеќер
  • 2 шољи млеко ,капучино по вкус
  • 4 лајци шеќер
  • 50гр. бело чоколадо

Подготовка

Летна варијанта на десерт, нешто слично на некои објавени ама сепак се разликува.

Најпрво жолчките се бијат со шеќерот над пареа неколку минути, да се добие густичка смеса, се тргаат од оган,  па се додава чоколадото во нив и се меша да се истопи се додава и капучиното, се лади.

Се бие во сад настрана слатката павлака, се спојува со изладената смеса жолчки се остава настрана.
Бисквитите се натопуваат во млеко со капучино се образува ред редејќи ги една до друга, се става од крем филот, повторно ред се прави од натопени бисквити, па се филова. Најгоре трет ред бисквити и фил...декорирајте по желба.