Испечати

Летна каша

Летна каша

Состојки

  • 1 кг пиперки
  • 4 цели домати
  • 1 топче лук
  • 5-6 лајци масло
  • 2 лајци брашно
  • 2 шољи вода
  • 1-2 лајци сув зачин,црн пипер

Подготовка

Оваа е нашата традиционална кашичка од моето детство, заедно со ќофтиња од тиквички или сирење редовно им се гостевме во лето. Пиперките треба да се испечат и излупат, се сечат на парчиња, доматите сечени на помали парчиња се ставаат први на тава во оган, нека им се испари течноста после додаваме масло, пиперките, се заедно се пржи. Се додава брашното,колку да се препржи па веднаш се налева вода (вода можи и малку повќе или помалку зависи колку сакате да ви е густа кашата) се додава од зачините, парченца сечкан лук, нека прокрчка некоја минутка и готова е.
Најдобра е послужена топла и со парче сирење.